Украина: Јанукович му понудил премиерска функција на Јацењук

Украинскиот претседател Виктор Јанукович му понудил на опозицискиот лидер Арсениј Јацењук да стане премиер на земјата..

До овој момент нема коментар од страна на Јацењук.

Не е познато дали предлогот ќе ја смири радикалната фракција меѓу демонстрантите, која неделава велезе во судири со органите на редот, забележаа американските медиуми.

Соопштението беше ставено на сајтот на Јанукович по денешната негова средба со лидерите на опозицијата, меѓу кои е и Јацењук.

Разговорите траат веќе над три часа, пренесе ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на прес службата на шефот на државата.

Украинската опозиција во последните два месеца оддржува постојани протести што беа предизвикани од откажувањето на процесот на потпишување на спогодбата за асоцирање на земјата во ЕУ и на интензитет и сила добија во последните неколку дена.

Опозицијата бара Јанукович да поднесе оставка и да се закажат предвремени парламентарни избори.

26.01.2014 - 11:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега