Оланд и Валери Триервеилер официјално ставаат крај на врската

Од Елисејската палата официјално соопштуваат дека претседателот Франсоа Оланд се разделува од Валери Триервеилер.

Веста се очекуваше и таа не изненадува по откривањето на врската меѓу Франсоа Оланд и актерката Жули Гаје на почетокот од годинава.

Самиот Оланд најави дека тој ќе ја разјасни ситуацијата во неговиот приватен живот пред заминувањето во САД, каде е поканет од семејството Обама.

Според весникот Журнал ди Диманш, кој прв ја објави веста за официјализирањето на разделбата на претседателската двојка, Оланд и Триевеилер се договориле за разделбата минатиот четврток.

Валери Триервеилер ќе треба да ја напушти резиденцијата на претседателот на француската република Лантерн, во Версај и да се пресели во станот на улицата Коши во 15-от париски аронсисман.

26.01.2014 - 11:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега