Џоле Џогани: Во натпреварите како Икс Фактор победниците не постигнуваат ништо

Иако неговата ќерка го напушти натпреварот Џоле Џогани е горд на тоа Маринела се покажала во шоуто „Икс Фактор“.

Џогани изјавил дека ќе и помогне на Маринела да направи блескава музичка кариера.

За неа тоа беше само едно огромно искуство и сметам дека мојата ќерка одлично се докажа, иако на почеток бев против тоа Маринела да учествува во Икс Фактор, бидејќи во ваквите натпревари победниците изчезнуваат и не постигнуваат ништо, изјавил Џоле за Блиц.

Џоле истакнал и дека неговата ќерка веќе добила неколку понуди да сними албум, како и бројни комплимети од познати музички ѕвезди.

 

26.01.2014 - 11:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега