Српската влада повторно во рацете на Вучиќ и Дачиќ

Александар Вучиќ, Ивица Дачиќ и Томислав Николиќ вчера на тајна неколкучасовна средба пред лидерот на СНС да го објави планот за распишување вонредни парламентарни избори се договориле повторно да прават влада со социјалистите,.

Тие практично се договориле за се! Напредњаците повторно ќе составуваат влада со социјалистите, со тоа што, природно, поинаков ќе биде односот на силите отколку по претходните избори. Логично е, сразмерно на поддршката што ја имаат, Вучиќ да ја преземе премиерската позиција од Дачиќ, вели изворот на српскиот весник „Курир“”.

Во текот на средбата немало тешки зборови, ниту несогласувања, како и дека е „договорено да нема долги преговори по изборот, мерења, советувања, туку се да биде завршено во рекорден рок“.

26.01.2014 - 10:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега