Јакимовски „згрми“ во СДСМ

Лидерот на ГРОМ и градоначалник на општина Карпош смета дека СДСМ ќе се распадне на неколку делови. Прашан за состојбите внатре во партијата по јавните препукувања на релација Наташа Савова - раководство, Стевчо Јакимовски рече дека во СДСМ најдобро знаат да се занимаваат со дворски игри.

“Тоа е само појавен облик на тоа што одамна тлее во СДСМ. Сега многумина што ме осудуваа, денеска ќе ми дадат за право дека сум направил исправни потези. Предвидувам дека таа партијата ќе се распадне на неколку делови, со оглед на внатрешните анимозитети. Во СДСМ, луѓето што се внатре во партијата не сакаат да работат за доброто на самата партија, тие најдобро се занимаваат со дворски игри“, рече Јакимовски.

Тој потенцираше дека ГРОМ е подготвен за предвремени парламентарни избори и рече дека очекува тие да се организираат заедно со претседателските за кои најави дека ГРОМ ќе настапи со самостоен кандидат.

25.01.2014 - 16:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега