ВМРО-ДПМНЕ: Во СДСМ на Заев не му даваат да зборува - штом отвори уста кажува лапсуз

По долг период на отсуство од јавноста, што впрочем е непримерно за лидер на опозиција, Зоран Заев одржа прес за веќе оддамна апсолвирана тема, која што беше актуелна пред цела една недела.

За други теми, очигледно и веќе не му дозволуваат да зборува.

Да го потсетиме Зоран Заев, доколку нешто пропуштил, дека на оваа тема уште пред една недела во име на неговата партија изјава даваше пратеничката Цветанка Иванова. Исто така, пред цели 5 дена, овој Закон беше и предмет на работа на Собранието на Р.Македонија. 

Јавноста го очекуваше Зоран Заев, после долго време да даде одговор на сите скандали кои се врзуваат со неговото име. Како што е скандалот со продажбата на државното градежно земјиште за едно евро по метар квадратен на својот пријател и бизнис парнтер Горан Крстев, како што е скандалот со огромниот број на доделени тендери на фирмите од неговото потесно семејство преку Општина Струмица и уште многу други скандали за кои Зоран Заев сеуште нема дадено одговор.

Очигледно е дека луѓето во врвот на СДСМ не му дозволуваат на Зоран Заев да зборува за значајни и релевантни теми, бидјеќи кога Зоран Заев тоа го прави, речиси секогаш прави киксови, лапсузи или гафови. 

Затоа, на Зоран Заев му преостанува само да го прераскажува тоа што неговите сопартијци претходно го говореле. 

(Интегрален текст од писмено соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, реакција на прес конференцијата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев)

25.01.2014 - 16:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега