Запленети 1,5 тони кокаин во Колумбија

Колумбиската воена морнарица вчера соопшти дека запленила 1,5 тони кокаин во близина на пристаништето Буенавентура.

Дрогата била на брод кој пловел во Тихиот Океан. Во операцијата се уапсени тројца Колумбијци.

Вредноста на запленетата дрога се проценува на 40 милиони долари.

Според податоците на Обединетите нации, Колумбија заедно со Перу се едни од главните производители на кокаин во светот. Тие во 2012 додина произвеле 309 тони кокаин од 48.000 хектари насадени со кока.

25.01.2014 - 10:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа