Кери: САД се поангажирани од било кога за решавање на светските проблеми

Џон Кери или американскиот државен секретар денеска изјави дека САД се ангажирани во решавање на светските проблеми повеќе од кога било досега.

“САД се далеку од повлекување и се гордеат со тоа што се поангажирани од кога било досега. Сметам дека САД како и секогаш играат решавачка улога во барање на мирот, стабилноста и благосостојбата низ светот”, изјави Кери на Светскиот економски форум во Давос.

Кери ги наброи регионите во кои САД моментално се ангажирани, започнувајќи од Украина.

“Тука во Европа работиме со партнерите да се изврши притисок врз Владата на Украина да се откаже од насилството, да одговори на загрижените мирни демонстранти, да обезбеди дијалог и слобода на собирање и на говор. Ние сме на страната на народот на Украина”, изјави Кери.

Тој го демантираше „митот за повлекувањето“ на САД и ги наброја меѓународните кризи, кои Вашингтон одблиску ги следи - од нуклеарната опасност во Северна Кореја до конфликтите во Африка.

 

Тој истакна дека нема воено решение за сирискиот проблем. Кери потенцира дека САД и нивните партнери ја продолжуваат тесната соработка за создавање „нова Сирија - мирна, суверена, независна, демократска држава, во која Сиријците ќе можат да го искажуваат своето мислење без страв дека ќе завршат во затвор или ќе умрат“.

25.01.2014 - 10:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега