Судири меѓу антидесничарите и полицијата во Виена

Уапсени се 14 луѓе, а повредени се 17 активисти и петмина полицајци во синоќешните судири меѓу демонстрантите и полицијата поради одржување на десничарскиот „Бал на академиците“ во Виена.

Балот на десничарските студентски организации, беше пропратен од жестоки протести и големо полициско присуство на улиците во градот. Беа организирани повеќе демонстрации против десницата, а по нивното растурање се судрија противниците на балот и полицијата.

Сојузот „Офанзивно против десницата” ја критикуваше полицијата поради примена на прекумерна сила.

Роман Хаслингер портпаролот на полицијата демантираше дека полицијата употребила прекумерна сила, нагласувајќи дека чуварите на редот морале да дејствуваат, бидејќи учесниците во протестите кршеле излози и напаѓале невини граѓани. 

На „Балот на академиците“ учествуваат припадници на десничарските организации,  а често гости се и лидерите на десничарските организации од Европа.

25.01.2014 - 10:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа