Унијата Мјанмар ја призна независноста на Косово

Министертвото за надворешни работи на Унијата Мјанмар (Бирмани) преку вербална нота го извести Министертвото за надворешни работи на Косово дека ја признава Република Косово, како суверена и независна држава.

Пресудна за оваа одлука била посетата на вицепремиерот на Косово, Беџет Пацоли, на Мјанмар во декември минатата година „ кој ги презентирал причините зошто Косово треба да биде суверно и независно“.

“Министертвото за надворешни работи на Унијата Мјанмар има чест да ве извести дека Владата на Република Мјанмар одлучи да ја признае Република Косово како суверена и независна држава”, се истакнува во вербаната нота.

Мјанмар се наоѓа во југоисточна Азија, има 60 милиони жители и површина од 676 илјади квадратни метри.

Ова е 106 земја која го признава Косово и втора, по Тонга, во 2014 година.

25.01.2014 - 10:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега