ВО ЖИВО: Војна во Украина - улиците горат полицијата пука

Полицијата со гумени куршуми пука на демонстрантите во Киев кои и на -14 степени остануваат на улиците. Палат автомобили, тропаат со метални прачки. Велат сакаат да ги чуе Владата.

 Украинскиот претседател Виктор Јанукович денеска сооппшти дека следната недела ќе изврши промени во Владата.

Реконструкцијата во Кабинетот ќе биде извршена за време на вонредното заседание на Парламентот, закажано за вторник 28 јануари, прецизира Јанукович на средба со верските лидери во земјата.

Како што јави ИТАР-ТАСС, Јанукович уште вети дека ќе бидат извршени измени на неколкуте закони што беа донесени минатата недела, а кои се насочени против опозицијата.

Истовремено, тој предупреди дека ќе ги употреби „сите законски средства“, доколку не биде постигнат договор со опозицијата.

Во меѓу време, Литванија соопшти дека ќе обезбеди бесплатно лекување за Украинците кои се повредени во насилните протести во Киев, во знак на солидарност со проевропската опозиција во земјата.

Како што најави советничка на литванската претседателка Далија Грибаускаите, првата група настрадани украински демонстранти во понеделник ќе пристигнат во Литванија

24.01.2014 - 23:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа