Се судриле 3 возила - повредени 12 полицајци

Во сообраќајна несреќа што се случила синоќа во близина на Новосел кај приморскиот град Валона, а во која учествувале три полициски возила, повредени се дванаесет припадници на албанската полиција.

Според последните информации, сите повредени полицајци се вон животна опасност.

Полициските службеници, кои  биле ангажирани во затворските служби во Албанија, со четири возила патувале од градот Фиер кон Валона за да извршат инспекција на затворот во Валона.

Причина за нереќата е погрешно свртување на возилото кое било на чело на колоната, по штобил предизвикан верижен судир.

24.01.2014 - 22:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега