Северна Кореја бара семејни средби со југот

Северна Кореја денеска изненадувачки предложи  организирање семејни средби на Корејците разделени уште од почетокот на Корејската војна, наведувајќи дека оваа програма може да помогне во подобрувањето на прекуграничните врски.

Јужна Кореја веднаш ја поздрави понудата, што следеше по неодманешните серија гестови на градење доверба од Северна Кореја.

Понудата по факс ја испратил севернокорејскиот огранок на Црвениот крст, упатувајќи повик за семејни собири веднаш по Лунарната Нова година, на 31 јануари.

Севернокорејците на своите јужни соседи  им предложиле да го изберат датумот што најмногу им одговара за овој настан. Тие истакнале дека програмата за семејни собири ќе биде нова шанса за подобрување на врските, по нивните повеќегодишни тензии.

Јужнокорејското Министерство за обединување, задолжено за меѓукорејските прашања, соопшти дека подоцна ќе испрати свој предлог за датум и за другите детали поврзани со семејните собири.

На почетокот на јануари јужнокорејската претседателка Парк Геун-Хе упути повик за организирање семејни собири околу Лунарната Нова године, но надлежните од Северот ја отфрлија понудата, наведувајќи го какао главна пречка планираните јужнокорејско-американските воени вежби.

Со Корејската војна, што доведе до поделба на полуостровот, беа разделени повеќе милиони Корејци. 

24.01.2014 - 19:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега