Осудени екс-министри во Романија

Поранешните романски министри Жолт Наѓ и Тудор Киjуариу денеска беа осудени на условни затворски казни во рамки на судскиот процес „Романски пошти“, во кој тир беа обвинети за злоупотреба на служебената положба и за нанесување на штети на државата од над осум милиони евра.

Ваквата одлуката, што ја донесе петчлениот Кривичен совет на Врховниот касациски суд на Романија, е конечна.

Жолт Наѓ, кој беше министер за телекомуникации во периодот од 28 декември 2004 до 11 јуни 2007 година, беше осуден условно на четири години затвор, а Тудор Кијуариу, министер за правда од 2 април 2007 до 10 декември 2007 година, доби условна затворска казна од три години и шест месеци.

Двајцата поранешни министри беа обвинети дека одобриле префрлање на земјиште во сопственост на компанијата „Романски пошти“, што се наоѓа во центарот на Букурешт, на приватна фирма, со што романската држава ја оштетиле за над 8,6 милиони евра.

Процесот започна во декември 2010 година, по што во ноември 2012 година Основниот суд го ослободи Кијуариу и го осуди Наѓ условно на три и пол години затвор. Одлуката беше обжалена, а обвинителите во предметот инсистираа двајцата поранешни министри да бидат прогласени за виновни за злоупотреба со службената положба со особено сериозни последици. 

24.01.2014 - 19:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега