Европската комисија ја тужи Словенија

Европската комисија денеска поднесе тужба против Словенија пред Судот на ЕУ во Луксембург, затоа што не ги испочутувала роковите за затворање и санирање на два депонии за тешки метали.

Комисијата наведува дека двете депонии, што се наоѓаат во близина на градот Цеље, претставуваат закана за локалните жители.

Во двете депонии има околу 20.000 метри кубни земја контаминирана од тешки метали. Станува збор за отпад исфрлен од старата фабрика „Цинкарна“ од Цеље. 

Во земјиштето на депониите се утврдени високи концентрации на титаниумов диоксид и талиум, кои можат да имаа штетни последици врз здравјето на жителите на Цеље, кој е трет по големина град во Словенија.

Брисел ја предупреди Словенија на овој проблем уште во 2012 година, а лани властите во Љубљана соопштија дека изработиле палн за отстранување на токсичниот отпад од двете депонии.

Согласно планот, отстранувањето на отпадот и санацијата на двете депонии требаше да биде спроведено до крајот на минатата недела, но тоа се уште не е извршено. 

24.01.2014 - 18:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега