Швајцарска донација за изградба на игралиште во Могила

Швајцарскиот амбасадор во Македонија Стефано Лазарото, денеска ја посети општина Могила каде беа пуштени неколку инфраструктурни проекти кои се реализираа со финансиска поддршка од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка, а во рамки на програмата „Форуми во заедницата“. 

Мултифункционални спортски игралишта во селата Трновци и Могила, како и автобуски постојки, нови улици, патишта и детско игралиште беа изградени во периодот од 2012-2013, со финансиска поддршка од 3,8 милиони денари, од кои 1,9 се донирани од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка. 

Програмата „Форуми во заедницата“ во општина Могила се реализираше и во периодот 2008-2010 година кога во соработка со општина Новаци беше формирано заедничко јавно комунално претпријатие кое денес ги сервисира жителите на двете општини.

24.01.2014 - 17:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа