Кинескиот претседател стана шеф на Комисија за национална безбедност

Претседателот на Кина Си Џинпинг денеска со одлука на Политбирото на Комунистичката партија на Кина е именуван за шеф на новоформираната Комисија за национална безбедност.  

Според медиумите, тоа претставува уште еден знак за брзо концентрирање на власта во рацете на Си. Пред околу еден месец Владата соопшти дека шефот на државата ќе ја предводи оваа влијателна Комисија.

Се претпоставува дека Комисијата за национална безбедност ќе се занимава со надминување на кризи во земјата и во странство. За заменици на претседателот се именувани премиерот Ли Кечијанг и претседателот на Парламентот Жанг Деџинг, кој е трет човек во партиската хиерархија.

24.01.2014 - 16:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега