Над 140.000 жители на Иран побегнале од своите домови

Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) соопшти дека над 140.000 жители на ирачката провинција Анбар побегнале од своите домови поради судирите меѓу силите за безбедност и борците на Ал Каеда.

Комесаријатот ситуацијата во Анбар ја оцени како „најголемото раселување“ на луѓе во Ирак од насилството во периодот 2006-2008 година.

Според податоци на УНХЦР, само во изминатата недела над 65.000 лица побегале од своите домови поради борбите во градовите Рамади и Фалуџа.

24.01.2014 - 16:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега