Домот на лордовите го врати на гласање законот за влез на Велика Британија во ЕУ

Горниот дом на британскиот Парламент, Домот на лордовите, денеска со мнозинство гласови одлучи да го врати предлог-законот за организирање референдум за излез на Велика Британија од ЕУ, на нова расправа во Долниот дом.

Ваквото решение на лордовите претставува неуспех на британските конзервативци да ја протуркааат својата иницијатива за референдум за останување или за напуштање на ЕУ, што би требало да се организира до крајот на 2017 година.

Пратениците од Долниот дом на почетокот од минатиот месец го усвоија законот, без противњње на либералдемократите кои се дел од владината коалиција, како и на опозициските лабуристи.

Членовите на Горниот дом од редовите на овие две партии на денешната расправа беа против ториевската иницијатива, која како „приватен предлог-закон“ влезе во парламентарната дебата.

24.01.2014 - 16:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа