Полицијата во Украина соблече и тепаше демонстрант на -10 степени

Немирите кои ја тресат Украина не запираат. На Интернет се објавени потресни видео снимки од демонстрациите во Киев на кои може да се види како полицијата тепа гол маж и се изживува со него.

На потрсното видео на Јутјуб се гледа како полицијата соблекла еден од демонстрантите, по што тој седи така десетина минути на ниските температури. Додека еден од полицајците го фотографира голиот маж, останатите го тепаат на минус десет степени.

Инаку, протестите кои не запираат во Киев веќе однесоа 5 жртви. Демонстрантите со молотови коктели и камења фрлаат кон полицијата.

 

24.01.2014 - 13:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега