Папата Франциско: Интернетот е „божји подарок“ за комуникација

Поглаварот на католичката црква, папата Франциско ги предупреди католиците да не ја бараат апсолутната вистина преку интернетот иако смета дека тоа е „божји подарок“ за комуникација меѓу луѓето и за водење дијалог.

Во посебната порака испратена од Ватикан, папата предупредува дека опседнатоста да се биде постојано поврзан, може да ги изолира луѓето од нивните семејства и од пријателите.

Пораката се однесува на комуникацијата на црквата во сегашната дигитална ера, како и на значењето на таквата комуникација, за верата и за верувањето кога таа ќе се рашири низ светот, делувајќи меѓу луѓето од другите религии и во други средини.

“Да се води дијалог значи да веруваш дека другиот има нешто вредно да каже”, вели папата Франциско, порачувајќи дека вклучувањето во дијалогот не значи само изнесување на сопствените, католички идеи и традиции.

Толкувањето на папата за меѓуверскиот дијалог во сегашните нови услови, со постоењето на интернет комуникацијата, Франциско го покренува значењето на меѓуверскиот дијалог.

24.01.2014 - 13:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега