Три лица загинаа во верижен судар во Индијана

Најмалку три лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени во верижен судир на повеќе од 40 возила кој се случи на автопат во северозападниот дел на американската држава Индијана.

Во судирот оштетени се најмалку 40 возила меѓу кои и голем број камиони.

Несреќата настанала откако шлепер се превртел поради голомразица и слаба видливост по што следел верижен судир.

Повеќето од возачите останале блокирани и премрзнати во своите возила поради ниските температури до пристигнувањето на помош. 

24.01.2014 - 12:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега