Тинејџерка ја избодела сестра си со нож 40 пати

Тинејџерка од Илиноис си ја избодела сестра си со нож 40 пати бидејќи била неблагодарна. Како што пренесува Си-Ен-ЕН, 14-годишното девојче чиј идентитет не се открива, ја бодела со кујнски нож својата 3 години помлада сестра. Инцидентот се случил во вторникот наутро, а за жал, девојчето им подлегнало на повредите.

Сестрата сама се јавила во полиција, но најпрво излажала велејќи дека додека биле сами дома, влегол крадец и ја избодел нејзината сестра. Потоа, откако полицијата дошла на местото на грозоморното убиство и започнала да ја испрашува тинејџерката, таа си ја признала вината. Таа откако ја избодела сестра си, веднаш ги избришала трагите од крв со крпа, па се истуширала, за да не се открие вистината.

- Беше неблагодарна. Јас спремав јадење додека таа седеше. И бев лута бидејќи пред некој ден ме удри, рекло девојчето во полицијата.

СИте кои ги познаваат сестрите се во шок велејќи дека не очекувале вакво нешто. Според соседите девојчињата биле неразделни и секогаш се грижеле една за друга.

 

24.01.2014 - 09:54
Фото: 
Пулс24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега