Сноуден: Не постојат никакви шанси за фер судење во САД

Поранешниот соработник на Националната агенција за безбедност на САД, Едвард Сноуден изјави дека не планира да се врати дома затоа што „не постојат никакви шанси за фер судење во САД“.

Откако минатата година украде огромен број разузнавачки податоци,откривајќи ја и американската „супер тајна“ за надгледувањето на телефонски и интернет комуникациите, што го вршела НСА во борбата со меѓународниот тероризам  Сноуден побегна прво во Хонг Конг, а потоа во Русија,

Тој доби привремен азил во Русија и сега престојува во Москва.

Во интервју за една интернет страница, која води кампања за „слобода за Сноуден“ американскиот бегалец вели дека проблемот е во „сто години стариот закон“, со кој се забранува постоењето на јавен интерес за одбранбените прашања.

"Нема начин да се вратам во САД и да го бранам својот случај пред судска порота, во вакви услови", тврди Сноуден во интервјуто.

Пред крајот на минатата година, тој испрати „специјална Божикна порака“ до британската јавност, преку тамошната телевизија Канал-4, во која заговараше запирање на масовното шпионирање.

24.01.2014 - 09:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега