Кличко ги повикува демонстрантите на генерален штрајк

 

Виталиј Кличко лидерот на украинската опозиција денеска ги повика приврзаниците да организираат генерален штрајк додека демонстрантите кои вчера зазедоа згради на државната администрација во Лавов и Ровн, подигнаа барикади околу тие објекти.

Обраќајќи им се на приврзаниците на опозицијата, собрани на Плоштадот независност во Киев, лидерот на партијата Удар, Кличко денеска повика на генерален штрајк.

“ Властите мора да се соочат со генерален штрајк. Ако бидеме обединети, нема да не поразат. Ќе живееме во нова Украина уште оваа година”, порача Кличко.

Учесниците во демонстрациите во Лавов и Ровн подигнаа барикади за да се заштитат од евентуални напади на полицијата и побараа вешдаш да се одржат состаноци на регионалните совети со цел усвојување резолуција за ситуацијата во државата. 

24.01.2014 - 09:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега