Убиените демонстранти не се застрелани од страна на украинската полиција

Како што соопшија службите на МВР на Украина, повредите од огнено оружје кои се причина за смртта на двајцата демонстранти, кои вчера загинаа за време на судирите во Киев, се нанесени од муниција која не е дел од вооружувањето на украинската милиција.

- Муницијата што ги предизвика овие телесни повреди не е во вооружувањето на милицијата, изјави заменик-началникот на главната истражна управа на Министерството за внатрешни работи, Виталиј Сакала.

Управата ја истражува верзијата дека станува збор за убиство, извршено со цел да се предизвика ескалација на конфликтот и оправдување за носењето оружје од страна на демонстрантите.

23.01.2014 - 19:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега