Избувна пожар во старечки дом - три лица загинаа

Загинаа три лица, а околу 30 се прогласени за исчезнати во голем пожар што уништи дом за стари лица во источниот дел на канадската провинција Квебек, соопшти денеска локалната полицијата.

Пожарот во комплексот со 52 легла избувнал околу 30 минути по полноќ според локални време

Според првичните информации 20 станари во домот биле однесени на сигурно место, но не е познато колку лица се исчезнати во пожарот.

Наредникот Ен Матио, од провинциската полиција на Квебек, соопшти дека властите се обидуваат да го прецизираат бројот на жртвите и да ги утврдат причината за пожарот.

Во комплексот, исто така, свои простории имале и социјална служба, аптека и фризерски салон.

Неколку пожарникарски возила од регионот биле повикани за помош во борбата со пожарот, што целосно ја уништи зградата на старечкиот дом во градчето Ил Верт, на околу 230 километри од Квебек, кое има околу 1.400 жители

23.01.2014 - 16:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега