Јанукович и порача на ЕК - не планирам да воведам вонредна состојба

Еврокомисијата соопшти дека Виктор Јанукович претседателот на Украина му порачал на првиот човек на Европската комисија Жозе Мануел Барозо дека не планира да воведе вонредна состојба поради протестите во Киев.

“Барозо и Јанукович телефонски разговараа и претседателот на Украина му вети на Барозо дека не панира да прогласи вонредна состојба во Украина”, изјави портпаролот на Европската комисија, Оливие Бејли.

Барозо побарал од Јанукович да се „ангажира во дијалогот на највисоко ниво“ пред разговорот со опозициските лидери.

Украинскиот премиер Николај Азаров на денешната средба со генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд изјави дека поголемиот број Украинци не ги одобруваат протстите во Киев.

23.01.2014 - 15:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега