Киев обвиен со чад - Кличко ги повика демонстрантите на мир додека траат разговорите

Лидерот на украинската опозиција, поранешниот боксерски шампион Виталиј Кличко, побара денеска од демонстрантите да се придржуваат кон осумчасовниот прекин на судирите со силите за безбедност, пред разговорите со претседателот на Украина Виктор Јанукович.

Кличко на демонстрантите им порача да мируваат до 20 часот кога тој ќе излезе и ќе ги информира за разговорите.

Инаку, во Киев и синоќа летаа молотови коктели и камења, а до сега во судирите загинаа пет лица. Центарот на украинската престолнина е обвиен со облак од чад, бидејќи демонстрантите непрекинато палат гуми.

23.01.2014 - 12:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа