Мајка платила цела насловна за да го повика синот да се врати дома

Во кинеско- мелбурнскиот дневник се појавил оглас на очајна мајка од Кина која го повикува синот кој моментално живее во Австралија да се врати дома.

Таа не го навела своето име но платила цела насловна страна за нејзиниот син по име Пенг да се врати, и му ветила дека нема да му врши притисок за да се жени.

Пенг живее и работи во Австралија каде успешно ги завршил студиите. Неговите многу пати го молеле да се врати дома во Кина и да се ожени и поради тоа тој престанал да им одговара на повиците.

"Многу пати го повикав на телефон но тој не ми одговара". Можеби ќе го видиш ова, напишала мајката во весникот каде додала дека повеќе нема да го притискаат за да се ожени што е кинеска традиција за нова година која оваа година паѓа на 31 јануари да му донесат партнерка на синот со која тој би требало да се ожени.

23.01.2014 - 11:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега