Путин ја поместува границата на Русија - влегува во друга држава

Само две недели пред стартот на Олимписките игри во Сочи, во Русија стигнуваат пораки со заканувачка содржина за терористички напади за време на Олимпијадата. На овие закани рускиот претседател Владимир Путин не останува со скрстени  раце. Путин се одлучил да ги помести границите на Русија.

Со оваа одлука, Путин ќе влезе 11 километри во територијата на Абхазија, а причина за тоа се најголемите безбедносни акции, кои  се забележани во историјата на оваа земја. Предвидено е абхазиските безбедносни структури постојано да патролираат по должината на новата граница.

Според информациите на Би-Би-Си, ваквата одлука на Русија ја загрижила Грузија, која се жали поради незаконската експанзија на Москва.

Официјална Москва не дава коментар за оваа информација.

23.01.2014 - 09:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега