ВИДЕО: Се јави и Стојанче Стоилов
Македонскиот ракометар Стојанче Стоилов одигра уште еден одличен континентален собир. Статистиката покажува дека тој имаше континуитет во настапите, а се истакна и на вчерашниот меч против светскиот првак Шпанија.
Според него, оваа генерација ракометари се уште не го кажала последниот збор.
-Во овој пораз како и од целокупното првенство оставивме срце на терен. Иако хендикепирани, се боревме, се држевме 20,25 минути, но подоцна Шпанците „нагазија„ покажаа кои се и тоа што немавме играчи за ротација беше пресудно на овој натпревар. Можеме да направиме блесок во иднина. Оваа генерација се уште не го кажала последниот збор. Иако имаме неколку повозрасни ракометари мислам дека можат да играат уште 3-4 години и можат да дадат уште многу за оваа репрезентација, вели Стојанче Стоилов.
ВИДЕО: Кирил Лазаров
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа