“Одбери живот”- марш против абортусот во Вашингтон

Стотици илјади граѓани се излегоа на традиционалниот марш против абортусот, кој се одржува на годишнината од судската пресуда со која во САД се легализираше оваа постапка.

Голем дел од демонстрантите се учениците и студентите на католичките средни училишта и факултети, кои организирано дојдоа да протестираат против судската одлука Ро против Вејд

“Не сме тука затоа што сме лути на Владата, тука сме затоа што сме полни со љубов, и покрај студот, сакаме да ја покажеме нашата љубов”, изјави Кетрин Браун, учесничка во Маршот за живот.

Демонстрантите носеа големи слики од папата Франциско, како и претходните папи Јован Павле Втори и Бенедикт Шеснаесетти, пароли со кои се повикуваше децата да се даваат на посвојување, место да се абортираат, како и морничави фотографии од бебиња по извршен абортус.

“Одбери живот – и мајка ти го сторила истото”, “човечкиот живот почнува од зачнувањето”, “каде има љубов, таму има живот”, беа дел од паролите на демонстрантите.

23.01.2014 - 09:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа