Германските Лидл ја исфрлија Кока-Кола од продажба

Супермаркетот Лидл во Германија ненадејноод полиците на своите супермаркети ја исфрли кока-кола и неколку други производи со познат светски бренд.

Лидл е втор по големина прехранбен ланец во Германија, а во околу 3.300 нивни објекти во таа земја, во понеделникот повеќе немаа кока-кола за продажба.

Се претпоставува дека овој радикален потег е последица на војната со цените на Лидл и неговиот пазарен конкурент Алди, кој има најголем удел меѓу трговските ланци со прехранбени производи на германскиот пазар.

23.01.2014 - 09:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега