Во денешните судири во Киев загинаа пет лица

Во денешните судири меѓу демонстрантите и безбедносните сили во Киев,загинаа пет лица,а околу 300 се повредени, соопшти импровизираниот центар за медицинска помош на опозицијата.

- Досега преброивме петмина загинати, а повредени се околу 300 лица, соопшти координаторот на медицинскиот центар Олег Мисиј.

Според сајтот „Украинска правда“, на телата на четворица од загинатите има рани од истрели од огнено оружје. 

22.01.2014 - 19:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега