Француско радио на уникатен начин го покани Обама да им биде гостин

„Почитуван господине претседател, ние знаеме дека вие имате пробано пржени компирчиња  (french fries на англиски), француски бокс, француски тост и француски бакнеж... Што би рекле за edno интервју со француско радио кое не прави компромис  со информациите“.

Со оваа  порака  француското приватно радио Европа 1, преку „Вашингтон пост“ го покани американскиот претседател Барак Обама да им биде гостин.

Покрај оваа покана, која радиото не го чини ниту цент, бидејќи текстот од пораката е објавена во „Вашингтон пост“ во замена на рекламен простор, Европа 1 достави и официјално барање за интервју до Обама во Амбасадата на САД во Париз.

- Тој често изненадува и наскоро се очекува да ја посети Европа, никогаш не се знае, изјави Томас Павловски, директор за односи со јавноста на Европа 1.

Во контекст на поканата, радиото вчера на Твитер на најавата за средбата на Обама со папата Франциско за време на неговата европска турнеја во текот на март во Ватикан, додаде: „Потоа, тој може да дојде во Европа 1...“.

22.01.2014 - 17:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега