ОБСЕ: Украинските власти да го запрат насилството врз новинарите

Дуња Мијатовиќ или претставничката на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) денеска побара од украинските власти да го запрат насилството против медиумите и внимателно да ги испитаат сите инциденти во кои се вклучени новинари.

Во писмото на Мијатовиќ упатено до шефот на украинската дипломатија Леонид Кожари наведено е дека посебно е алармантно тоа што голем број новинари се повредени од бомби и гумени куршуми кои ги употребила полицијата изминатите денови.

Мијатовиќ посочува дека во неколку случаи новинари биле цел на безбендосните сили, иако имале јасни новинарски идентификациски карти.

Таа потенцира дека безбедноста на новинарите мора да биде гарантирана и дека сите што се одговорни за нападите врз новинарите мора да бидат изведени пред лицето на правдата за да се спречи создавање на клима на заплашување, страв и некзанивост.

22.01.2014 - 16:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега