Арамија влезе во скопска градинка

Засега непознат сторител, ја ограбил градинката „9-ти Март“, лоцирана на улицата „Иван Хаџиниколов“ во Скопје.

Според информациите од полицијата, крадецот провалил во објектот „Пеперутка 2“ во период од 17ти до 20ти јануари, и оттаму одзел три куќишта од компјутери, два монитори со тастатури и мауси.

Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

 

22.01.2014 - 11:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега