Сопругата на Оланд ќе остане на улица?

 

Француската прва дама Валери Трирвајлер стравува од тоа дека би можела да остане на улица ако нејзиниот сопруг Франсоа Оланд ја остави поради љубовницата, француската актерка Жули Гаје која наводно е бремена.

 Валери излегла од болница и моментално се одмара во Лантерна, а според  медиумите нејзиното расположение варира помеѓу депресија и бес, и на своите пријатели им кажала дека се плаши дека може да остане без покрив на главата бидејќи станот во Париз е на Оланд.

Оланд, наводно, и рекол на својата партнерка дека му треба „повеќе време", тврди Катрин Шваб од весникот  Пари Мач.

21.01.2014 - 09:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега