Од архивата на Ватикан ќе објават тајни документи од времето на Холокаустот

 

Папата Франциско има намера да објави дел од податоците од архивата на Ватикан, кој се однесуваат на активностите на католичката црква за време на Холокаустот.

За списанието СандејТајмс пријател на папата, рабинот Аврам Скорк изјави дека станува збор за активностите на папата Пиј XII кој во времето на Холокаустот во Втората светска војна криел Евреи од нацистите и им издавал лажни пасоши.

„Тоа и не е некоја новост“, коментирал шефот на пресс службата  на Ватикан Федерико Ломбарди. Според него,во  Ватикан веќе подолго време се планира да се отвори дел од архивата посветена на Холокаустот.

Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот со одлука на Генералното собрание на ОН се одбележува од 27 Јануари 2006. година.

 

Тој ден во 1945 година советската армија го ослободила најголемиот концетрационен логор Аушвиц.

20.01.2014 - 20:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега