Утре започнуваат преговорите за членство на Србија во ЕУ

Утре во Брисел неколку министри на земјите-членки на Европската унија, еврокомесарот за проширување Штефан Филе и претставници на српската Влада ќе ги започнат преговорите за членство на Србија во ЕУ.

Евангелос Венизелос или министерот за надворешни рабори на Грција, која претседава со Унијата на српските претставници ќе им ги врачи клучните документи на ЕУ за преговорите, во кои се потенцира дека Србија го постигнала потребниот степен на согласност со критериумите за членство.

На церемонијата ќе присуствуваат и шефовите на дипломатиите на Австрија и на Хрватска, како и министрите за европски прашања на Словачка и на Унгарија.

20.01.2014 - 16:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега