ВИДЕО: Еве каkо реагираат децата кога нема да го добијат посакуваниот подарок
Познатиот американски комичар и телевизиски водител Џими Кимел испрати барање до родителите да им дадат на своите деца непосакувани подароци за Божиќ, да ги снимат нивните реакции и да ги објават на YouTube.
Секој родител кој го прифатил предизвикот наречен „Му дадов на моето дете ужасен подарок“ им рекол на своите деца дека можат да отворат еден божиќен подарок предвреме и им дал лош подарок. Крајниот резултат е ова видео во кое ќе видите како децата реагираат кога ќе добијат за подарок кромид или стара банана.
20.01.2014 - 15:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа