Ако дадете прва помош ќе одите во затвор

Овој викенд во Турција стапи на сила нов помалку контроверзен закон според кој давањето прва помош е кривично дело доколку за тоа не постои одобрување од Владата.

Според законот, оној кој ќе го прекрши законот може да се соочи со казна затвор во траење и до три години и парична казна од 700.000 евра.

Критичарите на законот стравуваат дека тој ќе може да се користи за да се спречат лекари и друг медициснки персонал да даваат помош на повредени демонстранти за време на масовни улични протести какви што имаше во државата во јуни минатата година.

'Донесувањето на таков закон со кој се криминализира давањето прва помош и се казнуваат оние кои се грижат за повредени демонстранти, е всушност дел од неуморно настојување на турската Влада да ги замолчи сите кои им се спротиставуваат", изјави Винсент Лакопино од Лекари без граници, објави Ал Џезира.

Минатиот месец ОН изразија загриженост за тој закон и ја повикаа турската влада да ја преразгледа својата одлука.

20.01.2014 - 11:36
Фото: 
доктори.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега