Жељко Јоксимовиќ ќе скока по крстот во Охрид?

Жељко Јоксимовиќ размислува утре да скока по крстот во водите на Охридското Езеро 

„Не сум се уште сигурен, еве ако менаџерите одлучат да останеме ќе останам и да се капеме, тогаш останувам и јас. Ако си одиме тогаш си одиме сите заедно“, изјави Жељко Јоксимовиќ, пренесува Канал 5.

Над илјада капачи се очекува да скокаат по светиот крст утре во езерото. Покрај охриѓани, голем интерес покажаа и жители од соседните градови но и од Србија, Бугарија, Чешка и Шпанија.

Туристите се очекува да останат во Охрид и во понеделник на Денот на рибарите, кога се скока по бурињата со вино. За посетителите ќе има 7000 порции рибна чорба и 1 тон плашици.

18.01.2014 - 22:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега