Од денеска аплицирајте за средства од програмата „Еразмус +“

 

Министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, денеска одржа состанок со директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Дарко Димитров, на кој се разговарало за отпочнувањето на имплементацијата на програмата на ЕУ за образование, обука млади и спорт, „Еразмус + 2014-2020“.

Од денеска е објавен повик до сите  заинтересирани субјекти, професори, студенти, наставници, стажанти, волонтери, младински работници, да аплицираат за конкретни проекти заради искористување на средствата кои за оваа намена се доделени од ЕУ.

-Одобрен е буџет од 3,5 милиони евра за оваа година, кој е двојно поголем од буџетот од минатата година, кои беа наменети за програмите “доживотно учење“ и “млади во акција“, рече министерот.

Министерот додава и дека постојат три  клучни акции. Првата е „Мобилност на знаење“ односно размена на ученици, студенти и волонтери во областа на образованието, обуката и младите. Втората се однесува на соработката во делот на „иновациите и размената на добри практики“ и третата е во делот на апликација со проекти за реформи на политиките во областа на образованието, обуката спортот и младите.

-Апликацијата е до средината на месец март за одредени проекти, а за други има предвидено прилично подолг рок, кој доаѓа дури и до средината на месец октомври, рече министерот и вети дека ќе има максимална транспарентност.

18.01.2014 - 14:48
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега