Пејачката Нина Бадриќ се исмевала на болно дете?

 

Хрватските медиуми денеска ја искритикуваа пејачката Нина Бадриќ бидејќи на своите профили на социјалните мрежи исмевала болно детенце. Според информациите на хрватскиот портал Antenazadar.hr, на Инстаграм објавила портрет на девојче кое само се сликало и ставила смајли, а се работело за девојче кое има некакво пореметување.

Нина во своја одбрана вели дека во својата 20 годишна кариера никогаш никого не навредила, а особено не личност која има посебни потреби. Таа вели дека на нејзините профили работат неколку лица, па веројатно се работи за грешка.

18.01.2014 - 12:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега