"Филип може да ми ги носи само торбите" - ништо од романсата меѓу Станија и Филип

Старлетата Станија и нејзиното поранешно момче се виделе пред два дена после два и пол месеци од раскинувањето. Иницијатор за средбата бил манекенот , но од нова романса нема ништо.

„Филип ми се јави додека бев на шопинг, а јас го поканив да ми се придружи. Ми помогна да ги однесам торбите до авотмобилот, тоа е и единственото што може. Патем и зборувавме“, вели Станија за српскиот Блиц и додава дека таа е човек кој не сака кавги па и покрај се сака да останат пријатели со Филип.

Иако таа обожава да постира слики по социјалните мрежи , сепак вели дека и сметало што папараците се постојано до неа.

 „Бесна сум  на себе и се околу мене , поради тоа што се доведов до ситуација, да не можам ништо да направам, а медиумите да не го објават. Не сакам да ме сликаат непознати луѓе додека одам да купувам леб.“

18.01.2014 - 11:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа