Новиот премиер на Чешка е Бохуслав Соботка

Чешка доби нов премиер. Новиот претседател на чешката Влада е Бохуслав Соботка.

Составот на новата Влада е веќе договорена од тројната коалиција на Социјалдемократите (ЧССД), движењето АНО- 2011 и Христијанската и демократска унија - Чехословачка народна партија (КДУ-ЧСЛ) кои во Парламентот ќе имаат поддршка од 111 пратеници.

Според претходните информации за вицепремиер и министер за финансии од страна на идниот премиер е предложен Андреј Бабиш, претседател на движењето АНО, додека лидерот на КДУ-ЧСЛ Павел Бјелобрадек е кандидат за вицепремиер за наука и истражување.

Можен нов министер за надворешни работи е Лубомир Заоралек, министер за внатрешни работи Милан Хованец, министер за индустрија Јан Младек, а министер за образование Марцел Хладек, додека министер за човекови права и шеф на Правниот совет -Јиржи Динстбир. Министерството за здравство би го водел Сватоплук Немечек, Министерството за одбрана, Мартин Стропницки, Министерството за правда Хелена Валкова, додека Вера Јоурова е предложена за министерка за регионален развој.

За кандидати за министри за сообраќај, животна средина, земјоделство и култура, се предложени Антонин Прахар, Рихард Брабец, Мариан Јуречка и Даниел Херман. Министерството за труд и социјални работи би го водела Михаела Марксова Томинова, откако претходниот кандидат Петр Крчал јавно се откажа од номинацијата поради семејни причини.

Идната недела Земан најави средби со кандидатите за министри, а именувањето се очекува до крајот на јануари.

17.01.2014 - 18:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега