Тригодишно момче исчезнало од својата соба преку ноќ - цела земја трага по него

Голем број полицајци, кучиња-трагачи и хеликоптери трагаат по тригодишното момче Микаел Куларом кој одеднаш исчезнал додека спиел во својата соба и никој го нема видено уште од средата. Мајката вели дека го заспала момчето, но дека утредента кога отишла да го провери го немало во детската соба.

Полицијата вели дека засега по момчето трагаат стотина полицајци, а според податоците, од собата исчезнале и неговата јакна и патика, па се претпоставува и дека момчето можело и само да излезе.

Потрагата ја лрена цела Велика Бротанија на нозе, се прегледуваат снимки од безбедносни камери и момчето се бара насекаде, но засега од него нема ниту трага ниту глас.

 

17.01.2014 - 14:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега