Сокрил шест килограми дрога во багажникот - Албанец и охриѓанец завршија во притвор

Албанец вчера се обидел да прошверцува дрога од Македонија во Грција. Се работи за Е.Б. кој заедно со 47-годишниот охриѓанец Ф.Ѓ. биле фатени во такси-возило Поло кое го управувал охриѓанецот. При проверката  во багажникот во патничка торба биле откриени над 6 килограми марихуана.

Албанскиот државјнин во Македонија влегол илегално кај Ќафасан, по што со помош на Ф.Ѓ. требал да ја однесе дрогата во Грција.

И двајцата си заработија 30 дена притвор за делото кое го направиле.

17.01.2014 - 12:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа